Ѓоковиќ поради Хрват може да биде исфрлен од Вимблдон?

Коронавирусот прави проблеми и оваа година на престижниот тениски турнир, поради што поради него од третиот грен слем во сезоната може да се откаже хрватскиот тенисер Марин Чилиќ.

Тој бил во ждрепката со Надал, и се очекуваше да му прави проблеми на Шпанецот, но сега би можел да направи големи проблеми за Ѓоковиќ.

Според пишувањата на британските медиуми, Хрватот минатата недела тренирал со Новак минатата недела на терените на „Ол Ингланд Клуб“. Како што наведува добро информираниот медиум „Телеграф“, Чилиќ бил виден со Ѓоковиќ минатиот четврток.

„Ги следиме насоките од Владата на Велика Британија околу изолации и потенцијални инфекции со ковид“, наведуваат од ПР службата на Вимблдон, но без прецизирани детали. 

Во најдобра варијанта Ѓоковиќ ќе биде тестиран пред настапот на Вимблдон, и доколку е негативен ќе се натпреварува, но ако е позитивен, сепак, ќе биде приморен да го напушти турнирот.

Се вчитува...