Ѓоковиќ прв носител на Вимблдон, кај жените Ига Швјонтек

Новак Ѓоковиќ е првиот носител на претстојниот Вимблдон, објави „Ол Ингланд Клубот“. Вториот носител е Рафаел Надал, а потенцијални ривали во полуфиналето на водечкиот тандем ќе бидат Стефанос Циципас и Каспер Руд.

Посебно незгодно ќе биде четвртфиналето, во кое ќе конкурираат Алкараз, Оје-Алијасим, Хуркач и Беретини. Во женска конкуренција прва носителка е Ига Швјонтек, втора е Анет Контавејт, а потоа следат Жабер, Бадоса, Сакари, Плишкова, Колинс и Пегула.

Челниците на Вимблдон најавија дека ждребката ќе се одржи во петок во 11 часот, а турнирот ќе започне следниот понеделник.

 

Се вчитува...