Ѓоковиќ се враќа: Четири и пол месеци не фатив рекет во раце!

По шестмесечна пауза Новак Ѓоковиќ одново се враќа на терен. Поранешниот светски рекет број еден, првиот меч по паузата ќе го одигра во петок на турнирот во Абу Даб.

„Секогаш е добро да се игра на овој турир во Абу Даби бидејќи тоа е прво официјално натпреварување пред новата сезона и им овозможува на играчите да проверат во каква форма се. За мене ова ќе биде прв турнир уште од Вимблдон, па му се радувам на настапот повеќе од сите други“ – вели Новак Ѓоковиќ.

Прв пат во кариерата српскиот тенисер имаше толку долга пауза по која го загуби местото во Топ 10 на светската ранг-листа и сега ќе се обиде одново да се врати на старите позиции.

„Зад мене е возбудлив период. Никогаш не сум имал повреди за да отсуствувам толку долго од теренот. Не сум пропуштил ниеден гран-слем во својата кариера, не сум бил опериран. Беше тешко, но од друга страна оваа пауза ми беше и голема лекција. Дојдов до точка кога универзумот ми покажа дека не можам повеќе да играм. Нема шанси. Не можев да ја мрднам раката“ – открива поранешниот прв светски рекет.

Настапот на турнирот во Абу Даби за Новак Ѓоковиќ ќе биде последна проверка пред стартот на новата сезона и воедно подготовка за Австралија Опен кој стартува на 15 јануари.

Не можам да дочекам да се вратам и да почнам да игра,. Четири и пол месеци немав фатено рекет во рака, тоа е голема промена. Тоа беше тежок период, но не сакав да ризикувам и да ја влошам состојбата. Го искористив ова време за да најдам нови начини како да го опоравам своето тело, да најдам нов начин на игра, како и да се поготвам психички за моето враќање. Го искористив ова време на најдобар начин. Учам да бидам трпелив. Трпението е нешто што им недостасува на тенисери. Едноставно, нашата работа од 1 јануари до 20 ноември е напорен период. Немаш време да се смириш, да бидеш сталожен, константно бараме најдобри решенија, најдобри удари. Сега имав време повеќе да му се посветам на семејството и да се разберам себе си каде сум во животот“ – истакнува Новак Ѓоковиќ.

Некогаш првиот светски рекет, сега сезоната ќе ја почна како 12. играч во светот што му е најлош пласман во последните 11 години.

Се вчитува...