Ѓоковиќ со победа ја започна одбраната на титулата на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ победнички ја започна новата сезона Вимблдон. Во првото коло на Грен слемот во Лондон третиот рекет на светот со 3-1 во сетови (6-3, 3-6, 6-3, 6-4) славеше над Сонвон Квон од Јужна Кореја.

Српскиот тениски ас првиот сет го освои без поголеми проблеми, но во вториот киксираше, откако Кореецот искористи брејк за 1-1 во сетови.

До крајот Ѓоковиќ не му даде нова шанса на својот противник, успевајќи да ја презеде контролата над мечот за прва победа.

Се вчитува...