Ѓоковиќ за Федерер: Покажа што значи да се достигне совршенство…

Новак Ѓоковиќ е последниот во низата врвни тенисери што преку порака ја коментираат одлуката на Роџер Федерер за крај на кариерата на швајцарскиот тениски великан.

„Тешко е да се опише со зборови сето она што го доживеавме во овој спорт заедно. Повеќе од една деценија незаборавни моменти и битки. Твојата кариера покажа што значи да се достигне совршенството, да се биде лидер со интегритет. За мене беше чест што те познавав, на теренот и надвор од него“, напиша Новак Ѓоковиќ во дел од пораката кон Федерер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Се вчитува...