Новак Ѓоковиќ, по победата над Алехандро Табила на отворањето на турнирот во Атина, доби прашање кое го интересираше целиот тениски свет веќе некое време. Сепак, веста на денот, како што ја нарекоа Италијанците, се покажа како неточна.
Имено, Анџело Бинаџи, кој е претседател на Италијанската тениска асоцијација од 2001 година, објави дека Новак Ѓоковиќ ќе игра на Завршниот турнир во Торино.
Ќе беше сосема во ред Ѓоковиќ самиот да го потврдеше тоа, или јавно, или да му се довереше во приватен разговор.
Се очекуваше Новак повеќе или помалку само да го потврди ова на прес-конференцијата, но наместо тоа даде прилично спротивна изјава.
„Не знам од каде тој (Бинаџи н.з) ја доби таа информација, не знам од кого. Сигурно не е од мене или од мојот тим. Ќе ја донесам таа одлука на крајот од овој турнир“, рече Ѓоковиќ.
Финалниот Мастерс започнува во недела, 9 ноември, денот по финалето на серијата Атина 250.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

