Гол директно од корнер на Бетис во дербито, па прекин откако беше погоден играч на Севилја (ВИДЕО)

Дербито на Севилја во Копа дел Реј во Шпанија, е прекинато пред крајот на првиот дел, откако играчот на Севилја Џордан, беше погоден со тврд предмет од трибините. Долго време ми се укажуваше помош на Џордан, а Севилја се повлече во соблекувалната и одби да излезе и да го доигра мечот. Барем засега.

Инаку дуелот е прекинат при резултат 1-1. Севилја дојде до водство преку Папу Гомез во 35. минута, а Фекир директно од корнер стрелаше во 39. минута.

 

Се вчитува...