Првиот натпревар од денешната програма во Премиер-лигата донесе бројни возбудувања откако Кристал Палас во лондонското дерби славеше над Вест хем со 4-3.
Гостите први дојдоа во водство преку Соучек, но Палас одговори со три гола во низа до крајот на првото полувреме. Најпрвин на 1-1 израмни Андре Ају, а по него меѓу стрелците се запишаа и Заха и Шлуп. Антонио намали на 3-2 на почетокот од второто полувреме, Езе од пенал ја врати предноста од два гола на Кристал Палас, а конечните 4-3 ги постави Агуер на асистенција на Соучек.
Рој Хоџсон дефинитивно успеа да го спаси Палас откако дојде на клупата на овој клуб, освојувајќи десет бода во последните пет кола и оддалечувајќи се од борбата за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА