Љубителите на кошарката огорчени: Судиите одлучија за победа на Голден стејт!

Во празнична атмосфера и интересен натпревар кој долго го очекуваат љубителите на кошаркарата, Голден стејт славеше во Оукленд против Кливленд со 99-92.

И покрај тоа што Вориорси на мечот беа без Стеф Кари, сепак со подобра игра во финишот успеаја да стигнат до победата. Иако во поголемиот дел од првото полувреме нешто подобар беше Кливленд.

Домашните одлично влегоа во последната четвртина кога стигнаа и до најголема предност од 9 поени на средината од периодото. Сепак, Џејмс на две минути пред крајот носи израмнување (92-92) за Кливленд. Кевин Дурант со тројка ја врати предноста на Голден стејт, Кавси не успеаја да вратат за да Клеј Томпсон на 19 секунди пред крајот го реши дуелот од линијата за слободни фрлања.

Најефикасен во победничкиот тим беше Кевин Дурант со 25 поени, додека Томпсон постигна 24 поени. Дрејмонд Грин запиша „трипл-дабл“ од 12 поени, 12 скока и 11 асистенции.

Кај Кливленд, Кевин Лав запиша 31 поени и 18 скока, додека Леброн Џејмс мечот го заврши со 20 поени и по шест скока и асистенции.

Но, мечот, според некои, го одбележаа и многу контроверзии за кои помогнаа и судиите. Имено, последните два поседи на Кливленд донесоа дуели меѓу Дурант и Леброн.

Првиот „инцидент“ се случи кога Дурант го фаулираше Џејмс кој поради тоа излезе од границите на игралиштето, но судиите не донесоа одлука во корист на „Кралот“. Вториот контроверзен момент се случи можеби во одлучувачкиот напад. На помалку од пола минута до крајот, Леброн Џејмс имаше можност да намали на само еден поен, но во тоа го спречи Дурант.

Многумина сметаат дека Леброн во два наврати при тој напад беше фаулиран од Дурант. Но, судиите ништо не „видоа“ на задоволство на домашната публика…

Се вчитува...