Голден Стејт без Томпсон во вториот финален дуел со Кливленд?

Клеј Томпсон, еден од најдобрите кошаркари на Голден Стејт, е неизвесен за вечерашниот втор натпревар од финалната серија против Кливленд во НБА – лигата. Тој се повреди на првата пресметка и се жали на болки во скочниот зглоб. Томпсон се повреди во дуел со Џеј Ар Смит.

„Го повредив скочниот зглоб во првата четвртина и правам се што е во моја моќ да заиграм. Беше тешко да дојдам до топката, но се заплеткав во нозете на Џеј Ар Смит. Се надевам дека брзо ќе се вратам. Тајмингот е катастрофален бидејќи се случува во време на финалната серија“, изјави Клеј Томпсон.

Голден стејт води со 1-0 по драматичниот триумф во натпреварот број еден од финалето, а вториот меч исто така ќе се игра ноќеска исто така во Оукленд.

Се вчитува...