Голден стејт го посрамоти Хјустон… Убедлив триумф за водство од 2-1 во серијата (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден стејт славеа на свој паркет против Хјустон со 126-85 поведувајќи со 2-1 во финалната серија на Западната конференција од НБА лигата.

Хјустон коректен беше само десеттина минути на мечот, а по нивното водство од 20-22 во првиот период потоа следеше серија на Вориорс за предноста која растеше се до крајот на мечот.

На полувреме се отиде со +11 поени за Голден стејт, а во второто полувреме се разбуди Стеф Кари кој беше незапирлив, постигнувајќи 25 поени во вториот дел од вкупно 35 на целиот меч. Покрај 35 поени на Кари, Кевин Дурант постигна 25 поени а Дрејмонд Грин имаше „дабл-дабл“ ефект од 10 поени и 17 скока.

На спротивната страна Џејмс Харден постигна 20 поени, а Крис Пол заврши со 13 поени и 10 асистенции.

Се вчитува...