Голден стејт губеше од Хјустон со 17 разлика, но стигна до пресврт за мајсторка!

Хјустон можеше синоќа да го реши прашањето на финалистот на Западот во НБА плеј-офот, но испушти предност од 17 поени против Голден стејт, па ќе мора да играат мајсторка.

На крајот од првата четвртина, Хјустон на гости против Голден стејт имаше предност од 17 поени (22-39), но Вориорс до полувремето намалија на -10, а полека во вториот дел ја топеа предноста на гостите.

На крајот од третиот период веќе беше 84-77 за Голден стејт кој на крајот го разби противникот победувајќи со убедливи 115-86.

Клеј Томпсон го предводеше Голден стејт со 35 поени и шест скока, додека Стеф Кари постигна 29 поени со шест асистенции. Кевин Дурант запиша 23 поени, со седум скока. На спротивната страна Џејмс Харден имаше ефект од 32 поени, 9 асистенции и 7 скока. Го следеше Ерик Гордон со 19 поени, а Тревор Ариза постигна 14 поени.

Хјустон играше без Крис Пол кој отсуствуваше поради повреда, но неговото враќање се очекува во одлучувачкиот меч.

Се вчитува...