Голден стејт ќе биде уште посилен – понуда за Ентони Дејвис!

Голден стејт вориорс делуваат доминантно, сезонава го збришаа Кливленд во големото финале од НБА-лигата, но раководството на „воините“ не планира да застане, туку создава уште помоќен тим за во иднина. Желба на вориорси е во текот на летово во своите редови да го донесат најдоминантниот центар во лигата, Ентони Дејвис, кој би се надоврзал на Кари и Дурант како мегаѕвезди во таборот на актуелниот првак.

Дејвис има зад себе уште една одлична сезона во дресот на Њу Орлеанс, но одличниот центар во текот на летово би можел да ги промени клупските бои. Опции за продолжување на кариерата има неколку, но ако сака да се бори за титула тогаш најреално е да заврши токму во Голден стејт.

„Воините“ имаат и адути во преговорите, па како што јавуваат американските медиуми, во понудата до Њу Орлеанс ќе биде вклучен Треј Томпсон или Дрејмонд Грин, а можеби и двајцата кошаркари, се со цел да се убедат „пеликаните“ на размена.

Едно е јасно, ако овој „трејд“ се реализира, тешко е да се поверува дека ќе може да се состави тим што во наредната сезона би го симнал Голден стејт од тронот.

Се вчитува...