Голден стејт уште пострашен, го потпиша и Казинс

Не минаа ниту 24 часа од мегатрансферот на Леброн Џејмс во ЛА лејкерс, а веднаш следеше одговор од страна на шампионот Голден стејт вориорс. И тоа каков, откако моќниот тим на Голден стејт стана уште пострашен со ангажманот на еден од најдобрите центри во лигата, ДеМаркус Казинс.

Овој кошаркар ги напушти „пеликаните“ и од неколкуте понуди ја избра токму онаа на „воините“. Иако финансиски имаше и далеку подобри услови на маса, тој се согласи на едногодишен договор со Голден стејт за 5,3 милиони долари (лани зеде 18 милиони долари од „пеликаните“, очигледно желен за шампионски прстен.

Според моментниот ростер, стартната петорка на Голден стејт во новата сезона ќе ја сочинуваат Кари, Томпсон, Дурант, Грин и Казинс, сите петмина беа дел од последниот олстар-викенд, што е првпат да се формира еден ваков „дрим-тим“ по Бостон селтикс во сезоната 1975/76.

Се вчитува...