Голеада на „Месталја“, Валенсија и Атлетико поделија по бод (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид имаше победа во раце од гостувањето на „Месталја“ кај Валенсија, но во финишот ги „прокоцка“, и испушти водство од 1:3. Во судиското надополнување херој на „лилјаците“ е Дуро кој постигна два гола во финишот за еден бод за домашните.

Атлетико одлично почна, во 35. минута Суарез донесе водство. Савиќ си постигна автогол во 50. минута и го израмни резултатот. Сепак, Атлетико врати со два брзи гола. Најпрво Гризман а потоа и Врсаљко за водство од 1:3. Се чинеше дека „јорганџиите“ ќе дојдат до триумф, но така не мислеше Дуро.

Најпрво погоди во 92. минута, а потоа стрелаше и во 96. минута, за еден бод на голема радост на домашната публика.

Се вчитува...