Голем ден за семејството Шумахер – Мик стигна до првата победа во Формула 2

Синот на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, Мик ја оствари првата победа во кариерарата во Формула 2.

20-годишниот Германец со сигурно возење во текот на целата трка дојде до убедлива победа на Хунгароринг во Будимпешта. По осум трки во Формула 2, Мик Шумахер се наоѓа на 11. место во генералниот пласман, но не е спорно дека доколку продолжи со одличното возење ќе биде вистински наследник на неговиот татко.

 

Се вчитува...