Пред клучниот натпревар од третото коло од групата против Катар, Босна и Херцеговина остана без Амар Дедиќ, кој го пропушти последниот тренинг поради здравствени проблеми и многу е сигурно дека нема да биде во составот за вечервашниот меч.
Неговото отсуство е сериозен проблем за тренерот Сергеј Барбарез, со оглед на тоа што е еден од важните играчи во дефанзивната линија.
Дополнително, Босна и Херцеговина е без Тарик Мухаремовиќ, кој е суспендиран, па „змејовите“ влегуваат во одлучувачкиот натпревар значително ослабени во дефанзивниот дел од тимот. Медицинскиот персонал се уште официјално не ја разјаснил природата на здравствените проблеми на Дедиќ, а неговото евентуално враќање може да се разгледува само во случај на пласман во следната фаза од натпреварувањето.
На Босна и Херцеговина и е потребна победа во овој натпревар за да го продолжи натпреварувањето, што дополнително го зголемува притисокот и важноста на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
