Голем скок за Калин Ивановски на АТП листата

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски имаше фантастичен настап на ИТФ турнирот Монастир, Тунис каде стигна до својата прва професионална титула.

Освојувањето на првиот трофеј во сениорскиот тенис му донесе и голем скок на АТП листата. Со триумфот во Монастир доби 15 АТП поени и на последната ранг-листа, која што беше објавена во понеделникот, запиша скок од 310 места и сега е на 779. позиција. Кај мажите најдоброрангиран е Данил Медведев, па следуваат Зверев, Надал, Алкараз и Циципас. Новак Ѓоковиќ е шести, а во првите десет се уште и Руд, Оже-Алијасим, Нори и Хуркач.

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше едно место (237). Кај дамите на лидерската позиција сè уште е Ига Швјонтек од Полска.

Се вчитува...