Голем удар за Франција – без двајца важни играчи во полуфиналето со Шведска

Франција по огромна битка дури по продолженија го скрши отпорот на Унгарија во синоќешното четвртфинале, но „триколорите“ скапо го платија овој триумф, губејќи двајца значајни ракометари во пресрет на полуфиналниот дуел со Шведска.

Пивотот Лука Карабатиќ и левиот бек Тимоти Нгесан не можеа да го довршат мечот со Унгарија, а првичните лекарски прегледи покажале дека повредите не се нималку наивни.

„Вчерашната борба остави трага врз играчите. Карабатиќ има повреда во пределот на абдоменот, додека кај Нгесан проблемот е со мускулот на ногата, нова повреда по онаа последната од која неодамна успешно се рехабилитираше. За точна дијагноза ќе мора да се почекаат 48 часа, но веќе е јасно дека тие нема да можат да играат со Шведска“, изјави репрезентативниот доктор на „триколорите“, Пјер Себастиен.

Се вчитува...