Ќе добие статуа и трибина на „Етихад“ менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола, како благодарност за сите успеси кои ги направи во изминатите 10 години со клубот.
Статуата ќе биде истакната пред стадионот на Сити, а северната трибина ќе биде преименувана во негова чест, соопшти англискиот клуб.
Гвардиола потврди дека на крајот на сезоната го напушта Манчестер Сити после 10 години, во кои освои 20 трофеи.
„Остави неизбришлива трага во ДНК на клубот. Таа трага не е заснована само на бројните трофеи кои ги освои, туку и на начинот на кој до нив дојде. Има бескрајна благодарност од мене и од целата фамилија на Сити, каде засекогаш ќе остане дел“, рече сопственикот на клубот, шеикот Мансур.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
