Голема глупост на Дани Алвес – „Крвнички старт“ над Караско со кој го враќа Атлетико во живот (ВИДЕО)

Иако се мислеше дека се е решено по водството од 4-1 и Барселона ќе стигне до убедлива победа против Атлетико Мадрид во дербито на 23. коло во Ла лига, сепак работите излегуваат малку од контрола за Каталонците.

Прво Луис Суарез намали на 4-2, а потоа Дани Алвес направи вистинска глупост откако „крвнички“ стартуваше со ѓон над Караско по што главниот судија со асистенција на ВАР му покажа црвен картон.

Барселона последните 20 минути ќе ги игра со фудбалер помалку, што е шанса за „душекчиите“ целосно да се вратат во мечот.

 

Се вчитува...