Голема „гужва“ на Западот, нова повреда го „раздрма“ Голден стејт

Актуелните шампиони на НБА лигата, Голден стејт загубија на свој паркет од Милвоки со 107-116 во синоќешниот меч од НБА лигата.

Но, големиот број повреди е тоа што ја уништи самата завршница од сезоната за шампионот. По Кевин Дурант, Драјмонд Грин и Стеф Кари на пауза ќе мора да оди и Андре Игудала кој го повреди коленото за време на третиот период од синоќешниот меч.

Враќањето на Дурант, пак, на паркетот не помина добро затоа што беше исклучен, па Милвоки предводен од Јанис Антетокуомпо со 32 поени и Мидлтон кој постигна 23 поени ја контролираа средбата и на крајот ја добија. Единствен расположен кај Вориорс беше Квин Кук со 30 поени.

Трката за доигрување во Западната конференција ќе биде жестока до самиот крај. Голема победа на патот кон плеј-офот остварија Сан Антонио кои ја победија Оклахома со 103-99.

Залуден за Оклахома на овој меч бее новиот „трипл-дабл“ на Расел Вестбрук од 19 поени, 11 скока и 10 асистенции и 26 поени на Пол Џорџ, затоа што Спарси со одличната игра на ЛаМаркус Олдриџ кој имаше 25 поени и 11 скока дојдоа до важна победа.

Детроит на домашен терен го победи Вашингтон со 103-92, Мајами славеше против Чикаго а Индијана на гости го совлада Сакраменто со 103-106.

Се вчитува...