Голема криза: Црвена Звезда ги продава најдобрите

Прераната елиминација од Омонија во квалификациите за Лигата на Шампионите значеше и сериозен финансиски удар за Црвена Звезда, со оглед на фактот дека српскиот првак во изминатите две сезони учествуваше во групите од ЛШ, но исто така и повлече неколку погрешни трансфер-потези губејќи десетина милиони евра.

Клубот остана без планираните приходи, па сега „црвено-белите“ се подготвуваат за ремонт, се со цел да се намалат трошоците во услови на огромна финансиска криза. Првите луѓе на клубот, Терзиќ, Мркела и Марковиќ, донеле одлука нивните плати да бидат намалени за 50%, на ист чекор ќе се реши и тренерот Дејан Станковиќ, но за излез од кризата неопходно ќе биде да се продадат и дел од фудбалерите.

Тука пред се се мисли на странците Боачи, Бен и Дегенек, кои воедно се и меѓу најплатените во тимот и кои би требало да си заминат од Белград до крајот на преодниот рок. Бен се наоѓа пред трансфер во Ал Ахли, Дегенек беше поврзуван со трансфери во Франција во текот на летово, а главен проблем ќе биде да се најде купец за Боачи, кој имаше серија повреди поради кои е предалеку од посакуваната форма.

Се вчитува...