Голема победа на Вајли и Бетис во борбата за опстанок во шпанската Ендеса лига

Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли и неговиот Реал Бетис стигнаа до голема победа по продолженија (86-93) во борбата за опстанок на гостувањето кај директниот ривал Обрадорио во 20. коло од шпанската АЦБ лига.

Гостите на феноменален начин го стартуваа мечот и по првите десет минути имаа позитива од осум поени 16-28. Домаќините заиграа подобро во втората четвртина и на пауза заминаа со негатива од четири поени (36-40). Со четири поени ги добија и третите десет минути, па во последниот период се влезе во егал 60-60. Нерешено беше и по четириесет минути (82-82) по што мечот замина во продолженија.

Таму Вајли и соиграчите беа одлични и на крајот стигнаа до триумф од 86-93. Македонскиот репрезентативец натпреварот го заврши со четири поени и еден скок. Откако е во Севилја, Вајли клубот има скор од три победи и само еден пораз, а пред неговото доаѓање во петнаесет натпревари Бетис запиша само две победи.

 

Се вчитува...