На вториот ден од завршниот АТП турнир во Торино, двајца мажи починаа откако им се слоши во или во близина на салата.
Како што објави „Газета дело Спорт“, 70-годишниот маж се разболел во навивачкото село „Пјаца д’Арми“, во близина на арената „Иналпи“, која е домаќин на финалниот турнир на осумте најдобри тенисери во светот.
Друг маж, осум години постар, бил на трибините за време на натпреварот помеѓу Тејлор Фриц и Лоренцо Мусети. Во двата случаи, службата за итна медицинска помош интервенирала и се обидела да ги реанимира жртвите. Двајцата мажи биле однесени во блиската болница во критична состојба, но за жал починале кратко време по приемот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

