Големата четворка тренираше заедно па Србинот се пофали: Овој момент ќе го помнам целиот живот (ФОТО)

Тенискиот свет се подготвува за утрешниот последен меч на големиот Роџер Федерер. Швајцарскиот ас ќе застане рамо до рамо со некогашниот голем ривал, Рафаел Надал и ќе одигра меч во двојки во Лејвер купот против американското дуо Џек Сок и Френсис Тиафо.

А, денот пред „големото збогување“ Швајцарецот го искористи за тренинг со својот нов партнер, Новак Ѓоковиќ и Енди Мари. Заедничката фотографија ја сподели српскиот тенисер кој напиша дека овој момент ќе го помни целиот живот.

„Благодарен сум на единствената прилика да бидам на ист терен со своите најголеми ривали и легендите на овој спорт. Ова е момент кој ќе го помнам целиот живот. Благодарност до Лејвер купот кој овозможи четвртицата да се дружиме. Се нетрпение ги очекувам следните денови на кои ќе уживме во одличен тенис и славје на неверојатната кариера на Федерер“, напиша Србинот.

Се вчитува...