Големата надеж на Парма потврди дека ги „измасакрирал“ мајката и сестрата

Ужасна вест ја потресе Италија. 21-годишниот поранешен фудбалер на Парма, Соломон Ниантаки на брутален начин ги убил мајката и сестрата во предградието на Парма.

Фудбалерот беше фатен при обид за бегство кон Милано, за да потоа, по апсењето, го признае злочинот. Мртвите тела на неговата мајка Патиенц нфум (45 години) и сестрата Магдалена Ниантаки (11 години) ги пронашол братот на Соломон, 25-годишниот Рејмонд, кој повикал полиција.

zatvor 1

Луѓето од фудбалската јавност во Италија кои го познавале Соломон се во шок од овој чин затоа што се работело за крајно мирно момче, со големи амбиции во фудбалот.

zatvor

Легендарниот поранешен фудбалер на Милан и италијанската репрезентација, Роберто Донадони кој беше тренер на Ниантаки во Парма исто така не може да верува дека едно такво мирно момче можело да направи такво злодело.

Се вчитува...