Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек ги скина лигаментите на левиот скочен зглоб за време на натпреварот од групната фаза против Брегот на Слоновата Коска (2-1). Иако Шлотербек го доигра првото полувреме под болки, деталните медицински прегледи и магнетната резонанца потврдија дека пред него претстои пауза од најмалку осум недели.
Ова е огромен удар за репрезентацијата предводена од Јулијан Нагелсман. Шлотербек беше еден од клучните столбови во германската одбрана, па дури и постигна погодок на отворањето на мундијалот против Курасао.
Се очекува неговото место во почетниот состав во продолжението од турнирот да го заземе искусниот Антонио Ридигер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
