Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег, потврди дека Маркус Рашфорд е под знак прашалник за саботниот натпревар против Вулверхемптон, откако заработи повреда на ногата.
Рашфорд е еден од најдобрите фудбалери на „црвените ѓаволи“ оваа сезона, откако постигна 29 голови на 53 натпревари во сите натпреварувања. Формата на Рашфорд му помогна на Јунајтед да дојде до местата кои водат следната сезона во Лигата на шампионите.
Јунајтед моментално се наоѓа на четвртото место со еден бод повеќе од Ливерпул со натпревар помалку и доколку победат на три од преостанатите четири натпревари тие ќе играат во ЛШ следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА