Големината се гледа во тешките моменти – Станковиќ ќе донира респиратори на Србија во борбата со Ковид-19

Тренерот на Црвена Звезда Дејан Станковиќ ќе донира респиратори и медицинска опрема на здравствениот систем на Србија.

„Должност на секој од нас е во овие тешки моменти да помогне на тие на кои им е најпотребно. Не е важно колку, секоја помош е еден спасен живот“, изјави Станковиќ. 

За некогашниот ас на Интер ова не е првпат со донација да и помага на родната земја. Истото го направи и во 2014 кога нашиот северен сосед го зафатија големи поплави.

Се вчитува...