„Големиот Сем“ видно разочаран: Немам зборови да ја опишам оваа горчина…

Менаџерот на Вест Бромвич Албион, Сем Алардајс изјави дека нема зборови со кои може да опише колку е разочаран затоа што неговиот тим испадна од Премиер лигата. По поразот од Арсенал (3-1) во 35. коло од Премиер лигата, стана јасно дека Вест Бром ќе биде елиминиран од елитата, бидејќи на три кола пред крајот имаат десет бода помалку од Барнли кој се наоѓа надвор од зоната за испаѓање.

Контроверзниот Сем беше донесен во клубот со цел да донесе опстанок во Премиер лигата, но сега и тој е разочаран од крајниот исход.

“Јас сум разочаран. Нема зборовои со кои можам да го опишам ова чувство. Болно е. Сакав да се бориме за опстанок поради играчите, поради клубот, но не успеавме“, изјави Биг Сем.

66-годишниот стручњак не сакаше да одговори на прашањето дали ќе биде на клупата на Вест Бром и следната сезона.

          „Нема да одговорам на прашањето дали ќе заминам или не. Прерано е да се зборува за тоа. Не сум подготвен да дадам одговор“, заклучи Сем.

Се вчитува...