Големото дерби на Истокот: Брегалница и Тиквеш, да се види кој е кој!

Натпреварите од 14. коло во Втората лига – Исток денеска, без сомнение, ќе бидат во знакот на големата дерби пресметка меѓу Брегалница и Тиквеш.

Во директен дуел уште еднаш пред домашната фудбалска јавност двете екипи во желбата да се покаже кој е кој на источната страна од второлигашката конкуренција. Брегалница е во далеку порелаксирана ситуација ако се знае дека е со пет бода предност во однос на конкурентот, но шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски вели дека овој натпревар бара максимален пристап и колективна игра за да се дојде до целта.

„За натпреварите со Тиквеш секако не е потребна некаква посебна мотивација. Тиквеш е исклучително квалитетна екипа која ние максимално ја почитуваме. Затоа сериозно пристапуваме на средбата, ќе се обидеме да одиграме на највисоко можно ниво, а верувам дека на крајот тимскиот дух и колективната игра ќе пресудат. Верувам дека сите фудбалери ќе го дадат својот максимум да дојдеме до посакуваната цел“ – вели Секуловски.

А, Тиквеш, по претходниот убедлив пораз од Кит Го од 1-4, сега без досегашниот тренер Раде Цицмиловиќ, кој си поднесе оставка, доаѓа во Штип каде секогаш знае и умее да изненади.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (14. коло, денеска, 13 ч.)

Брегалница – Тиквеш

Кит Го – Каменица Саса

Победа – Кожуф

Росоман – Плачковица

Слога Виница – Осогово

Се вчитува...