Голманот на Аталанта никако да се излечи: Трет тест – повторно позитивен

Бергамо е епицентар на пандемијата од Ковид-19, вирус со кој беа заразени и неколку фудбалери на Аталанта. Најлошо од сите минува резервниот голман на Аталанта, Марко Спортиело, откако и третиот тест за коронавирус што беше направен врз овој чувар на мрежата се покажа позитивен.

Ова е трет тестшто е направен врз Спортиело, по првите два кои беа направени на 20 март и потврдија присуство на коронавирусот во организмот на овој голман. Тој нема сериозни симптоми, веруваше дека болеста е минато, но последниот позитивен тест ги алармираше луѓето во клубот, со оглед на фактот дека заболените обично за максимум 20 дена ја го победуваат вирусот.

Тој ќе остане во домашен карантин и речиси сигурно ќе го пропушти почетокот од подготовките за новата сезона, закажан за 4 мај.

Се вчитува...