Голот на Грците во 95-та минута со кој ја шокираа Србија (ВИДЕО)

Селекцијата на Србија со болен пораз дебитираше во А дивизијата во Лигата на нации. Србите на „Рајко Митиќ“ стадионот со 1:2 загубија од Грција, а голот за победа на гостите беше постигнат во 95-та минута.

Херој на Грците е Довикас кој по нафрлената топка од левата страна на Цимикас, беше на вистинското место во шеснаесетникот на Србија и со глава го совлада Милинковиќ-Савиќ.

 

Serbia 1 – [2] Greece – Tasos Douvikas 95′
by
u/anon58588 in
soccer

 

Претходно, Србија поведе со 1:0 уште во четвртата минута преку Живковиќ, за во вториот дел Грците преку Цолис во 74-та минута да дојдат до израмнување.

Се вчитува...