Ѓорческа елиминирана на стартот на фјучрсот во Австрија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа изненадувачки уште на самиот старт го заврши својот настап на ИТФ фјучрс турнирот вреден 25 американски долари кој се игра во Аненхајм, Австрија.

Ѓорческа која беше петта носителка на турнирот загуби од Италијанката, Ана Турати со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-4.

Македонската тенисерка во моментов се наоѓа на 283. позиција на ВТА-листата.

Се вчитува...