Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, е поразена во 1/8 финалето на ИТФ турнирот во Трнава, Словачка. Лина денеска беше поразена од Амарни Бенкс од Велика Британија со 2-0.
И покрај тоа што важеше за фаворитка, сепак, Ѓорческа го загуби мечот по сетови 6-2 и 6-1, и за нешто помалку од 1 час мораше да се помири со пораз.
Ѓорческа претходно на истиот турнир ја совлада Ајла Аксу од Турција со 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

