Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со сигурна победа го почна ИТФ турнирот во Трнава, Словачка. Таа во мечот од првото коло ја совлада тенисерката од Турција Ајла Аксу со 2-0 во сетови (6-2 6-4) за 77 минути игра. Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Британката Амарни Бенкс, која во првата рунда ја победи Вероника Фалковска со 2-0 (6-3 6-1).
Вечерашниот меч македонската тенисерка го доби на убедлив начин. Во првиот сет по 1-0 во гемови за ривалката со два брејка направи серија од пет гема и поведе со 5-1, за сетот да го заврши со 6-2. Во вториот сет резултатски беше понеизвесен и нерешен до 4-4 во гемови. Единствениот брејк Ѓорческа го направи во деветтиот гем, а потоа сетот го заврши со 6-4.
Македонската тенисерка на турнирот што се игра за награден фонд од 40.000 долари е рангирана како четврта носителка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

