Ѓорческа загуби во четвртфиналето во Чешка

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето во поединечна конкуренција на силниот ИТФ турнир во Чешка Липа кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Ѓорческа во битката за полуфиналето загуби од домашната тенисерка Јесика Малечкова во два сета, со 3-6, 4-6.

Претходно македонската тенисерка во извонреден натпревар славеше против првата носителка на турнирот Пана Удвари од Унгарија убедливо со 6-2, 7-5.

Се вчитува...