Дербито на првото коло од А-дивизијата на Лигата на нации го играат две од најдобрите европски репрезентации Англија и Шпанија. Ентони Гордон изнесе интересно мислење пред пресметката на „Вембли“.
Тие се бореа директно за европската титула, а кукавичките тактики на селекторот на „Гордиот Албион“ (Томас Тухел) им оневозможија да се борат за светската титула. Затоа, логично е да се истакне дека ова е апсолутно дерби на првото коло од Лигата на нации.
Гордон смета дека Англија мора да се врати на својата ДНК.
„Не можеме да ги гледаме другите репрезентации и да бидеме како нив. Треба да престанеме да ги имитираме Шпанците. Тоа едноставно не е во нашата ДНК. Јас сум во Шпанија и имаме играчи со подеднаков квалитет, но тие поседуваат поинакви квалитети. Значи, не можеме да играме како нив. Но, тие исто така немаат некои работи што ги имаме ние“, изјави Гордон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
