Ѓорѓев го води Грасхоперс кон елитата

Грасхоперс стигна до значајна победа од 0-2 на тешкото гостување против Шафхаузен, меч на кој повторно блескаше Никола Ѓоргев.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија беше стартер и максимално ја оправда довербата, стрелајќи прецизно за водство од 0-2 на Грасхоперс во 39. минута од мечот. Поранешниот швајцарски првак рутински ја задржа предноста во вториот дел, осигурувајќи три значајни бода на „жешкиот терен“ на Шафхаузен.

Грасхоперс моментно се наоѓа на првото место во втората швајцарска лига со 54 бода, четири повеќе од второпласираниот Тун. Само првопласираниот во оваа лига директно оди во елитното друштво, додека втората екипа на табелата ќе игра бараж со претпоследната од првата лига.

Се вчитува...