Ѓорѓи Ѓоргиев на позајмица во турски Хатај

Одбојкарскиот репрезентативец на Македонија, Ѓорѓи Ѓоргиев потпиша договор со турскиот прволигаш Хатај ББ.

По една полусезона помината во екипата на Бурсаспор, тој замина на позајмица во тимот на Хатај.

 Ѓоргиев се враќа да ја доигра сезоната во клубот каде беше и минатата пролет. Хатај ББ беше клуб на нашиот техничар и минатата сезона, откако првиот дел го помина во Франција.

Се вчитува...