Ѓорѓиев четврти најдобар поентер на Европското првенство

Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓорѓиев е четврти поентер во досегашниот тек од Европското првенство. И покрај тоа што Македонија забележа четири порази во досега одиграните четири натпревари, нашиот капитен е втор најдобар поентер.

Тој досега собра 65 поени, а пред него се наоѓаат само Холанѓанецот, Нимир Абдел-Азиз, Адис Лагумџија од Турција и Сем Деро од Белгија.

Македонија утре со мечот против Русија ќе го заврши настапот на Европското првенство 2021 година.

Се вчитува...