Ѓорѓиев најдобар поентер, Савовски прв блокер во сребрената лига

Според полуфиналниот статус, македонските одбојкари не отстапија од пласманот во претходните сезони во Евролигата. Седмипат од премиерниот настап во тогашната единствена Европска, а третпат откако натпреварувањето има два сегмента и се нарекува Сребрена лига,црвено-жолтите ќе дефилираат во елиминациската фаза. Ниту еднаш не проуштија да се најдат во престижното друштво, годинава со три победи во групата.

Иако во составот не беа тројца стандардни: Љафтов, Николов и Ангеловски, а потоа се повреди Костадин Ричлиев, Македонија извади билет за завршниот турнир во Будимпешта наредниот викенд, заедно со нашиот ривал во полуфиналето Финска, со Романија и со домаќинот Унгарија.

Филип Савовски е прв блокер во натпреварувањето со 21 поен од овој елемент, односно во просек еден на сет.  Никола Ѓорѓиев е константа, повторно е апсолутен поентер и во златниот и во сребрениот сегмент со над шест поени во сет во просек, вкупно 148 на шест натпревари.

Се вчитува...