Ѓоргиев: Ние живееме за ова, најмногу од сите ја посакуваме победата…

Македонските одбојкари се подготвени за предизвикот што го носи претстојниот европски шампионат во кој настапот во групата Ц ќе го почнат со утрешниот дуел против селекцијата на Данска.

Македонија се наоѓа во група со Данска, Црна Гора, Полска, Холандија и со селекцијата на Чешка, а повеќе од јасно е дека утрешниот прв дуел со Данците ќе биде можеби и клучен за нашите шанси за пласман во следната рунда.

„Би сакал да искажам благодарност до спонзорот НЛБ Банка што го препозна нашиот квалитет и застана зад нас во пресрет на ова големо натпреварување. Среќен сум бидејќи добро работевме, одигравме добри натпревари, немавме проблеми со посериозни повреди, па максимално подготвени влегуваме во ова европско првенство. Групата е тешка, јасно е дека Полска е прв фаворит, пред Холандија и Чешка. Данска и Црна Гора се наше ниво. Треба да влеземе позрело за разлика од претходните европски шампионати, да бидеме мудри, да имаме трпение и заедно со цела Македонија да се радуваме на една победа. Од името на играчите се заблагодаруваме на цела македонска јавност, ние живееме за ова, најмногу од сите ја посакуваме победата“, изјави капитенот Никола Ѓоргиев.

Се вчитува...