Ѓорѓиев: Ова е историја за Македонија, горд сум на момците кои секогаш го оставаат срцето на терен

Македонската одбојкарска репрезентација направи историски успех со пласман во осминафиналето на Европскто првенство кое се одржува и во нашиот главен град. Македонските одбојкари одиграа фантастични два натпревари по кои забележаа две големи победи.

По натпреварот против Црна Гора првите импресии ги изрази капитенот Никола Ѓорѓиев кој вели дека е горд на своите соиграчи кои уште еднаш го оставија срцето на терен, покажаа дух и менталитет и дадоа се од себе за триумф.

„Оваа победа многу значи. Имаме шест бода и одиме во осминафиналето што е прв пат во нашата историја. Горд сум на овие момци. Повторно покажаа срце, дух, менталитет, македонски менталитет дека никогаш не се откажуваме, дека секогаш даваме сто отсто и под притисок и сега може да уживавме во моментот“, вели Ѓорѓиев.

Се вчитува...