Ѓорѓиевски: Тажни што сме втори а не одиме на ЕП

Младите македонски фудбалери со триумф од 2-1 над Црна Гора го завршија квалификацискиот циклус за ЕП за младинци. Избраниците на Боби Милевски на крајот се најдоа на второто место, само зад фаворизираната Шпанија, но одлуката на УЕФА за промена на системот за натпреварување и пласман на ЕП скапо ги чинеше „црвено-жолтите“.

Свесен за тоа е и Марко Ѓорѓиевски, голгетерот што денеска доби шанса од првата минута и ја оправда довербата, постигнувајќи го водечкиот погодок против Црногорците.

„Нас ни е многу жал за таа одлука на УЕФА, за промена на пропозициите што ја чинеше Македонија влез на европскиот шампионат. Сепак, ние без оглед на се бевме решени денеска да одиме на три бода, како да имаме шанси да одиме на ЕП. Тажни сме бидејќи сме второпласирани, а немаме можност за пласман на европското првенство. На претходниот меч со Израел немавме среќа, не го отворивме мечот како што посакувавме. Се беше поразлично денеска, постигнавме гол во раната фаза, можевме да славиме и поубедливо, но сепак најважно е што победивме. Исто така, пресреќен сум поради мојот прв гол за младинскта репрезентација, ова ми е најзначаен гол годинава и се надевам дека така ќе продолжам и во иднина“, истакна Ѓорѓиевски.

Се вчитува...