Господин Чави по победата над Атлетико – „Треба да не поддржувате, а не да не исвиркувате“

Барселона го одигра најдобриот натпревар сезонава откако во дербито на 23. коло на домашен терен го совлада големиот ривал Атлетико Мадрид со 4-2. Феноменална партија на Каталонците со која потсетија на старите денови кога доминираа со европскиот фудбал.

Сепак, по натпреварот стратегот на тимот од „Камп ноу“, Чави Хернандез не беше задоволен од дел од навивачите кои во текот на целиот натпревар го исвиркуваа Усмана Дембеле.

„Сакам да ги замолам фановите да престанат да го исвиркуваат Дембеле. Тој е еден во групата и тој победи денеска, затоа сега ве молам престанете. Треба да го поддржите нашиот тим, нашите фудбалери“, изјави Чави. 

 

Се вчитува...