Лионел Меси продолжи да испишува мундијалска историја и на 1/16 финалето од СП 2026 против Зеленортските острови, откако аргентинскиот генијалец го постигна водечкиот погодок на вечерашниот дуел.
За Меси тоа е четврти меч во низа на овој мундијал на кој се запишува меѓу стрелците, но Лео го зацврсти и рекордот што веќе беше во негова сопственост, со осум меча во низа на светските првенства на кои постигнува најмалку по еден гол.
Аргентинецот стана и прв во историјата што постигнал голови во нокаут фазата на шест различни мундијали, а Меси остана и најдобар мундијалски стрелец на сите времиња, со 20 погодоци зад своето име.
Ремек-делото на Меси против Зеленортските острови, по одличното додавање на Лисандро Мартинез, можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
