Гостивар го претстави Марко Јовановски за ново засилување

Амбициозниот второлигаш Гостивар го ангажираше Марко Јовановски на голманската позиција. Тој треба да биде големо засилување за составот кој има прволигашки амбиции за следната сезона.

„Ја прифатив понудата на Гостивар, бидејќи клубот беше многу конкретен во разговорите и упорен да дојдам во Гостивар. Ми се допадна и долгорочниот план на клубот. Се надевам дека со моето искуство ќе му помогнам на клубот и ќе ја постигнеме целта на раководството, а тоа е пласман во Првата лига“, изјави Марко Јовановски на промоцијата.

Голманот минатата сезона го бранеше голот на прволигашот Македонија Ѓорче Петров.

Се вчитува...