Гостивар поразен од бугарски Крумовград во Анталија

Екипата на Гостивар денеска ја одигра првата пријателска средба на подготовките во Анталија. Второлигашот беше поразен од бугарскиот второлигаш Крумовград со 2-1.

Единствениот гол за Гостивар беше дело Каланоски во 37 минута откако бугарскиот тим водеше со гол во 7. минута. Во 63. минута Крумовград постигна и втор гол и ги постави конечните 2-1.

Гостивар се подготвува во Турција, со цел екипата да избори прволигашки пласман. Затоа низ овој трансфер преоден рок беа донесени квалитетни имиња како Андреј Кировски, Симеон Христов, Фахрудин Ѓурѓевиќ, Фисник Зука…

Се вчитува...